Радио Милева
балкан микс

На богата свадба во Германија да пее и жнее се собра кремот на српската естрада, од Цеца до Ацо Пејовиќ, а меѓу нив и нашата пејачка со „златно грло“ (фото)

На богата свадба во Германија да пее и жнее се собра кремот на српската естрада, од Цеца до Ацо Пејовиќ, а меѓу нив и нашата пејачка со „златно грло“ (фото)

Големите музички имиња се се’ почести гости и на големи, мега свадбени веселби на домаќини со подлабок џеб што може да ги исплатат бараните хонорари од суми со многу нули.

Една таква свадба се случи викендов во Берлин- Германија каде на сцена за да ги весели гостите и младите, се собра кремот на српската естрада. Цеца Ражнатовиќ, Саша Матиќ, Ацо Пејовиќ, хармоникашот Аца Софронијевиќ и сигурно уште многу други кои камерата од објевените видеа не успеа да ги сними.

Покрај музичкиот дел, на свадбата имаше дури и водители, а таа улога им припадна на Милан Калиниќ и Душица Јаковљевиќ, кои како и музичарите си фатија ултра квалитетна тезга.

Сето ова успеавме да го видиме преку стори објавите на пејачката која ја нарекуваат македонскиот славеј или пејачката со златно грло, Анета Љуманковска за повеќето попозната како Анета „Молика“.

Најзиниот дел за „стори“ објави беше густо нареден со куси видеа, а за загревање почна со објавата пред настап и тоа како е облечена во принт кошула и црно кожно макси здолниште, како и селфи со водителката Јаковљевиќ.

Новитетот на неа не остана незабележан – новата фризура која се решила да ја смени со пократка коса.

Откако ни презентираше како се дотера битолската дама, следеше и да се покаже вокално на спомената веселба.

Откако си го отпеа својот дел, односно го одработи бараното, си седна на масата за музичарите, ги слушаше, уживаше и снимаше своите српски колеги, Цеца Ражнатовиќ, Ацо Пејовиќ, Саша Матиќ…

Се пееше, јадеше, пиеше и секако богато се жнееше.

Атета е докажано еден од најдобрите вокали на македонската музичка сцена, а младите, односно домаќините на свадбата очигледно дека го сакале најдоброто за големиот ден.

За Анета полн џеб и секако реклама плус заедно со музичкиот фолк крем на Балканот.

фото:инстаграм принтскрин/Анета Љуманковска

Останати вести од Радио Милева