Мегафон
концерти

Петар Ренџов и пријателите најавија солистички концерт – “Македонски музички сонети”

Петар Ренџов и пријателите најавија солистички концерт – “Македонски музички сонети”

Петар Ренџов со неговоте долгогодишни музички пријатели најавува солистички концерт насловен како “Македонски музички сонети” во организација на „Мјузик Стор“ продукција. Концертот е закажан на 11.12.2о23 во МКЦ во Кино Фросина од 20 час.

Изненадувањата со кои Ренџов секогаш воодушевува се врзани за просторот каде се одржуваат концертите и тоа првиот 2005 беше во кањонот Матка , 2006 во Универзалната сала , 2009 пред црквата св.Богородица во центарот на Скопје , потоа како организатор и изведувач на Концертот на Тумбао салса бенд 2015 настапи со вокално инструментална група од Куба “Азафран микс” , 2019 одржа концерт на врвот на планината Водно на месноста наречена “Крстини”, поточно на највисоката кота веднаш под крстот кој претставува симбол на градот повеќе од 20 години.

“Македонски музички сонети” е најава е за одржување на интимен концерт пред бројка од амо 250 присутни почитувачи на македонската музичка традиција измешана со есенцијални музички правци како што се џезот, блузот и кубанската салса. Со право очекуваме врвни музички креации кои докажано се присутни во изведбите на неговата резбана гитара .