Радио Милева
трагач по возбуда

Пејачката со нозете во воздух: Ова нешто најмногу „ја пали“ и возбудува Андријана Петрушовска (ФОТО)

Пејачката со нозете во воздух: Ова нешто најмногу „ја пали“ и возбудува Андријана Петрушовска (ФОТО)

Андријана Петрушовска  е една од оние млади македонски пејачки што станаа познати откако претходно се обидоа да станат и „Гранд ѕвезди“ како учеснички  во познатото регионално музичко талент шоу, во кое таа имааше забележителни настапи.

Оттогаш кариерата и тргна нагоре, па иако можеби не ги освои соседството и регионот, Македонија и дијаспората и се редовно поле за жнеење плодови во вид на евра, франци и денари, како резултат на  бројните настапи.

Атрактивната пејачка тезги има доволно, ама сепак меѓу два настапа најде малку време и за себе, за да се одомори и освежи, да потемне тенот, ама и да си го крене адреналинот.

Уживањето на лулашка на поесочната плажа или возењето со глисер по јадранската морска шир на Црногорското крајбрежје несомнено и прија и годи, ама она што најмногу „ја пали“ и возбудува Андријана Петрушовска очигледно е потрагата по возбуда.

Расната македонска естрадна убавица овој пат не чекаше возбудата сама да дојде на ред, туку таа и тргна во пресрет. Она нешто што овој пат реши да го проба и искуси бездруго е авантура која предизвикува адреналински шок.

А кога телото е подложено на возбуда, хормоните знаат да експлодираат… Кај некого од убавина и здоволство, кај други од напнатост и недоверба, предизвикана од новата ситуација.

Андријана сепак решена да проба и се придружи на екипата параглајдеристи кои љубопитните туристи ги земаат со себе на незаборавно возење и прошетка и низ небеската височина, овој пат над падините на крајбрежјето на Будва.

Летањето е убаво, ако од него немаш паничен страв и за незаборавна тура налик на „птичја авантура“ имаш слух… А нашата пејачка тоа го покажа со високо кренати нозе во воздух.

Незаборавно адреналинско искуство исполнето со задоволство од погледот од „птичја перспектива“  кој македонската пејачка себе си си го приушти.

До душа, „параглајдер селфи“ не можела или не сакала да направи, ама затоа кадарот на долгите нозе во воздухот е доволна потврда дека Андријана Петрушовска си најде уште еден вид забава што „ја пали“ и возбудува!

Фото: Инстаграм/andrijanapetrushovska

Останати вести од Радио Милева