Радио Милева
„гризат најaко“

Македонска доминација во „Ѕвездите на Гранд“: Мики и Андријана покажаа дека победата повторно може да биде наша (видео)

Македонска доминација во „Ѕвездите на Гранд“: Мики и Андријана покажаа дека победата повторно може да биде наша (видео)

Жирито на „Ѕвездите на Гранд“ не ретко знае да каже дека Македонија е најплодната почва на музички таленти, па дури и дека им е чудно да сретнат Mакедонец кој не знае да пее.

Оваа сезона на шоуто како и останатите претходни имаме кандидати со импресивни настапи кои секогаш оставаат силен впечаток, го освојуваат жирито, а и регионалната публика.

Во измината и најнова емисија на сцената настапуваа тројца македонски кандидати: Мелиса Зијадиќ, Мики Секуловски и Андријана Петрушовска.

Комплетна доминација на сцена направија најпрвин Мики со освоени шест гласови за директен пласман, а по него при крајот на шоуто пееше и Андријана.

Атрактивната црнокоса исто така имаше инпресивен настап со изведбата на „Црно и бело“ од Калиопи каде уште еднаш покажа дека за неа вокално нема преголем залак, па повторно се пласираше директно во следниот круг.

Мелиса за разлика од нив оваа емисија немаше наклонетост од жирито, а особено доби модна критика дека направила лош избор, за неа не и беа позитивни коментарите ниту околу комплетната изведба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MELI (@melisazijadic)

Мики Велики, како што го нарекуваат уште еднаш ја затресе сцената со својот моќен вокал, рокерскиот став и избор на песни со кои постјано докажува дека најмногу му лежат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miki Sekulovski (@mikisekulovski)

Андријана пак, како минатогодишна финалистка, очекувано добива ласкави коментари и тоа дека таа е комплетен пакет на сцена каде што се чувствува самоуверено и искусно.

Македонија од претходните сезони имаше двајца победници, Ристе Ристески и Славица Ангелова, па ако судиме од излагањата на жирито, а и од оние на публиката на социјалните мрежи, Мики и Андријана се новите победници без да се оди во понатамошните кругови до финале.

Со нивните настапи секогаш изгледа како да е финале, а македонската публика може да биде горда на своите претставници кои гризаат најјако.

Настапот на Мики можете да го погледнете од видеото на 1:53, додека на Андријата од 2:14 минути.

фото:Instagram printscreen/ podrska_takmicarima andandrijanapetrushovska/ You Tube printscreen/
/Zvezde Granda/ mikisekulovski

Останати вести од Радио Милева