Радио Милева
емотивни фотографии

Парис Хилтон позираше со синот: „Му благодарам на Бога за сурогат мајките“ (фото)

Парис Хилтон позираше со синот: „Му благодарам на Бога за сурогат мајките“ (фото)

Познатата милионерка и покрај тоа што се обидуваше да ја задржи приватноста за себе, објави фотографија од нејзиниот наследник Феникс.
Богатата наследничка на синџирот хотели, Парис Хилтон ги шокираше своите обожаватели откако на крајот на јануари објави дека таа и нејзиниот сопруг Картер Реум станале родители. Во врска со ова, таа сега ги изненади сите со нова објава каде позира со своето мало синче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

– Целото мое срце – напиша Хилтон во описот на фотографијата.

Инаку, Парис и нејзиниот сопруг Картер добија син со помош на сурогат мајка и му го дадоа името Феникс Барон Хилтон Реум.

Познатата милионерка неодамна во едно интервју открила дека замрзнала 20 ембриони, а во таа прилика рекла дека секој од нив е момче и дека се надева дека еден ден ќе добие девојче.

– Со оглед на тоа дека се одлучивме за медицинско потпомогнато оплодување, во седум процедури ја создадовме нашата база со дваесет замрзнати ембриони, кои се неверојатно, но вистина, сите машки. Бидејќи сакам девојче, продолжуваме понатаму, па со голема возбуда ги чекаме резултатите од последната процедура. Благодарна сум на Бога за сурогат мајките – изјави Хилтон за „Glamour“.

Да потсетиме, Парис се омажи за Картер Реум во ноември 2021 година. Во минатото ја поврзуваа со Леонардо ди Каприо, Бенџи Маден и Рик Соломон, со кои сними неславно домашно видео.

– Бев позната како се*с симбол, но се што е  сексуално ме плаши. Сакав само да се бакнувам, многу од моите врски пропаднаа поради тоа – објаснила 42-годишната милионерка за американски „Харперс базар“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ројтерс

Останати вести од Радио Милева