Радио Милева
свадба без добра музика, не ја бидува...

Пандемијата „ја снема“, свадбите наголемо се вратија: „Браво бенд“ одново се во тренд! (ФОТО+ВИДЕО)

Пандемијата „ја снема“, свадбите наголемо се вратија: „Браво бенд“ одново се во тренд! (ФОТО+ВИДЕО)

Коронапандемијата го запре светот на подолг рок… Сите планови, сништа, очекувања, како да останаа заглавени помеѓу борбата да се сочува здравјето како најважно од се и она што биле планови и очекувања, особено на една млада личност или поточно млада двојка.

Многу млади невести токму заради Ковид 19 не ја облекоа својата венчаница, на ја остварија својата венчавка онака како што ја сонуваа, не ја направија својата свадбена веселба како што ја замислуваа, едноставно еден од најсвечените чинови во животот – стапувањето во брак  го „протуркаа“ онака и онолку колку што ситуацијата и здравствените протоколи дозволуваа или пак сосема го одложија и пролонгираа за подобри времиња.

Сега откако се чини па макар тоа било и привидно дека коронапандемијата се стиша, се изгуби, замина или пак падна во сенка со украинската војна, свадбите наголемо почнаа да е враќаат.

И тоа онака како некогаш, во полн сјај, во кој невестите и младоженците одново ќе блескаат, родителите ќе се гордеат, а сите заедно со роднините, пријателите, соседите, колегите… ќе се веселат на чинот на сплотување на двете млади души во ново семејство и потенцијално потомство.

Музичарите и пејачите кои досега од естрадни за малку ќе се претвореа во страдни, одново имаат полни раце работа, термините се полни и преполни, нема слободен викенд, па дури и работните денови уште отсега се безицираат… Свадби се закажуваат наголемо од оние кои допрва треба да се мажат и женат, но и од оние кои преклани и лани веќе застанале пред олтар, ама заради проклетата корона пандемија не успеале да напрват свадбена веселба.  Па дури има и такви, кои кршетвката на своето прво чедо кое во меѓувреме го добиле, ќе ја прослават заедно со свадбената забава која биле принудени да ја одложат или пропуштат!

Дека е тоа така ни потврдија од „Браво бенд“, една од најбараните групи која ги забавува младоженците, сватовите и гостите, кога се свадбените веселби во прашање.

„Со војната во Украина некако како да падна во сенка Короната, па во периодот што следува има буквална навалица за свдби и свадбени веселби. Сега сите сакаат да направата вистинска свадбена забава, онаква, каква што отсекогаш е правела, свадба што ќе се памети, со сите салтанати и марифети, вклучувајќи ја и музиката… Музичарите сега се пребукирани, нивните термини полни, речиси и да нема слободни викенди една година однапред“ – вели Драган Илиев, гитаристот и лидер на „Браво бенд“.

Разбирливо, со зголемената побарувачка, особено на оние најпознатите и најпроверените кога се во прашање свадбените забави какви што се „Браво бенд“,  расте и цената.

„Да, цената за музика е зголемена, но не за којзнае колку… Од 10 до 20 отсто, најмногу. Впрочем и рестораните и угостителските објекти ги зголемија цените на своите свадбени услуги, па тоа го сторија и повеќето од музичарите и пејачите“ – вели Илиев.

Што се однесува до репертоарот, свадбите оддамна не се тоа што биле некогаш – само обичај и традиција, туку и престиж и мода, па така во се’, од декорацијата до изборот на кетерингот и во музиката се следат трендовите при изборот на песните.

Покрај традиционалниот дел со познати изворни или новосоздадени македонски песни, ора и чочеци, тука се и новите песни и познатите хитови на фолк ѕвездите од соседството, најмногу о Србија, а понекогаш и од Бугарија или Грција. Но се чини дека во последно време преовладува и еден нов тренд – во вториот дел од свадбата да се свират и пејат и познати светски хитови. По свадбената вечера „забавниот дел“ го презема приматот, можеби дури и до крајот на свадбената веселба. А во него се свири и пее се’: Од Чола до Чорба, од Тина Тарнер и Вајтснејк, до Том Џонс и Џастин Тимберлејк!

“Токму така, точно е тоа… Некаде по вечерата, после 22.30 или 23.00 часот најчесто од нас се бара да продолжиме со забавната тура, во која пак ние сме прилично универзални и хетерогени во изборот и репертоарот, бидејќи ‘Браво бенд’ со години на настапите по клубовите и дискотеките ги свири и најпознатите екс-ЈУ хитови, потоа оние кои се во моментот актуелни во целиот регион, како и најголемите и најпознати странски хитови и евергрини. Можеби токму затоа, заради нашата шареноликост и можноста да свириме се’ што од нас ќе се побара сме и толку барани за свaдбените веселби“ – вели гитаристот на „Браво бенд“ кои одново се во тренд, иако тоа можеби и никогаш не престанале да бидат, зашто многумина млади на својата свадбена веселба токму нив сакаат да ги видат,  бараат токму тие да им свират.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bravo Band (@bravo_band_official)

Останати вести од Радио Милева