Радио Милева
домаќинот не се штеди

Ова може да го покаже само тој: Спомените од детството на Сашко Коцев станаа од црни – поцрни, ама пооригинални, здравје (фото)

Ова може да го покаже само тој: Спомените од детството на Сашко Коцев станаа од црни – поцрни, ама пооригинални, здравје (фото)

Тој е обожуван, на сцена, на филмско платно, лик од детска серија, како стенд-ап комичар, водител, на социјални мрежи… Сашко Коцев едноставно ја плени публиката.

На неговиот Фејсбук профил не така често осамнуваат објави од приватноста, но кога ги има, по правило мора да бидат оригинални и во негов стил.

Така беше и овој пат. Коцев покажа дека е вистински домаќин кој според резултатот можеби не така често е во кујната, но барем има обиди.

Неговиот гастрономски потфат беше сезонска потпечена блага тиква со која тој и неговите две дами требаше да се насладуваат, а тој да се врати со спомените во детството.

-Мммм ме потсетува на детството, миризлива и блага крцкава тиква! Повелете! Правена според рецепт, на 280 степени ,3 саати, напиша Сашко, а спомените очигледно станале од црни- поцрни, речиси уништени.

Веројатно не го запаметил или запишал добро рецептот од мама или баба, па наместо средно печена, доби карамелизиран ефект повеќе од што треба. Можеби по вкус, но за очите на следбениците, Сашко ја претерал со печење , а богами и трошење струја.

Рецепт кој беше со лош ефет од рерната, но ултра успешен на Фејсбук со илјадници лајкови и стотици коментари.

Сепак, пофалба за обидот, а за вкусови нели не се дискутира!

фото: Facebook/ Sasko Kocev

Останати вести од Радио Милева