Радио Милева
Спомени од минатото

Ова малечко и слатко девојченце во прегратката на татка си денес е вистинска дама што секој ден ја гледате на телевизија – погодувате ли која е? (фото)

Ова малечко и слатко девојченце во прегратката на татка си денес е вистинска дама што секој ден ја гледате на телевизија – погодувате ли која е? (фото)

На социјалните мрежи доста често се појавуваат трендови или предизвици кои ги поставуваат познатите кои потоа стануваат еднен вид на интересна игра или во случајот копање по спомените и минатото.

Досега многупати сме виделе фотографии од познатите кога биле мали, но секогаш некој има да објави фотографија повеќе или таква што не сме ја видела досега.

Деновиве повторно можеме да ѕирнеме во детството на некои познати личности, едни се пејачи, други водители, трети актери… Овој пат гледате едно мало слатко девојченце во прегратка на татка си, облечена во карирано фустанче и бела кошула.

Оваа мала убавица денес е вистинска дама која секојдневно ја гледаме на телевизија како водителка, а станува збор за домаќинката на кулинарското шоу „Брза кујна“, Сања Савеска.

Сања и денес носи карирано фустанче кое совршено и прилега, а за стајлингот и споредбата со некогаш и денес таа вели:

-Модата се менува и се враќа, а заштитата, љубовта и поддршката од семејството никогаш не излегуваат од мода. Татко и ќерка! – пишува Сања.

фото:Инстаграм/Сања Савеска

Останати вести од Радио Милева