Радио Милева
иде “живот“...

Откако од него кренаа раце и пајташите од Софија, Зајко се врати дома… во кафезот на улица Македонија!

Откако од него кренаа раце и пајташите од Софија, Зајко се врати дома… во кафезот на улица Македонија!

На 25-ти февруари 2020 година, илјадници луѓе на улиците на македонската прстолнина протестираа против неправдите. За тоа време, во тајната операција на улица Македонија се случуваше евакуација на Зајко. Се водеше тешка битка за извлекување од скривалиштето… Луѓе во црно, со црно БМВ со бугарски регистерски таблички го земаат Зајко и го носат „на прав пат“. Правец Софија… на „пријателско соземање од реалноста“!

По Зајко брзо се распишува потерница… Сепак, отсуството не траеше долго. Очигледно, откако од него бргу кренаа раце и пајташите од Софија, еве го Зајко назад, во својот „нов дом“, на улица Македонија.

Потиштен, со свитканао опавче и клапнати уши, знае дека разврската е близу. Уште само 40-ина дена…  Доволно време Зајко да се навикне на живот во својот иден „нов дом“!

Останати вести од Радио Милева