Радио Милева
топлес порака од задна перспектива?

Откако Марија Луиса ги извади гаќичките среде емисија, а жените „ја распнаа“ на социјалните мрежи, за да не креваат џабе ѓурултија, пејачката им возврати со среден прст и нова голотија: „Им го разубавив денот на моралните теткици“ (ФОТО)

Откако Марија Луиса ги извади гаќичките среде емисија, а жените „ја распнаа“ на социјалните мрежи, за да не креваат џабе ѓурултија, пејачката им возврати со среден прст и нова голотија: „Им го разубавив денот на моралните теткици“ (ФОТО)

Без Марија Луиса Тодоровска дефтивно нема забава… И кога пее на сцена, ама и кога микрофонот и е „паркиран во лер“, фолкерката мора да смисли нешто што ќе ја распамети јавноста. Или барем дел од неа, како што тоа го направи со последното нејзино гостување седната на „Жешко – то  столче“.

Не само што „без влакна на јазикот“ пејачката одговараше на незгодните прашања, туку „око да не и трепне“, тврдењата ги поткрепи и со факти и докази… Како на пример во одговорот на прашањето дали навистина на настапи не носи гаќички?

За да нема дилеми, претпоставки, нагаѓања и недоумици, Марија од чантата извади и ги покажа нејзините „специјални гаќички“  кои се наменети и за специјални прилики… Најмногу за настапи, на кои кажа дека секогаш ги носи, а истите се лепат однапред и одзади, па изгледа како да ги нема, иако секогаш на себе ги има.

Фолкерката дури истите и ги подари на некоја дама од гледачите на емисијата… Арно ама гледачките или поточно читателките на социјалните мрежи, барем дел од оние оние  повозрасните или потрадиционалните, не само  што не и се заблагодарија, туку пејачката само што не ја „распнаа“!

Коментарите „кој од кој – дабетер“ па Марија Луиса не можеше да премолчи и за да „не остане покуса“, веднаш им возврати. До душа најпрвин  објави дел од коментарите „на нејзина сметка“, посебно именувајќи секоја тетка, па напиша:  „Им го разубавив денот на моралните теткици“!

А, за да не креваат џабе ѓурултија, пејачката им возврати со високо кренат среден прст и нова голотија?! Така барем изгледа или може да се протолкува дел од новата еротска фотосесија на Марија, чии сегменти пејачката ги споделила.

Топлес поза и високо кренат прст со порака до оние, на кои баш не им се допаѓа нејзиното однесување: „Бакнеж за мразачите“!

Патем тоа не е се’… Марија Луиса не би била македонската Северина, ако нема што што да  (по)каже и тоа многу повеќе од другите… А, има!  И тоа уште нешто најново, по се’ изгледа истото повторно како одговор на хејтерите, да им е наменето!?

Истиот тој среден прст, само од задна песрпектива… Па сега вие видете дали зад прстот пејачката нема гаќички… Или сепак ги има?

Фото: Јутјуб/Zesko Stolce/Инстаграм/luisa.todorovska/Драган Ристовскаи – D.R.D._media

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева