Радио Милева
чист хедонизам

Од Тајланд во Дубаи: За Гавазова парите не се проблем – пари има за егзотични плажи и рајски острови без да штеди за вакви убавини (фото)

Од Тајланд во Дубаи: За Гавазова парите не се проблем – пари има за егзотични плажи и рајски острови без да штеди за вакви убавини (фото)

Уште од предновогодишниот период фолк пејачката Сузана Гавазова беше турбо активна со настапи, дојде време за пауза, одмор и секако трошење пари.

Планот за бегство во топлите краеви сигурно беше подготвен од претходно, па откако семејно комплетно се спакуваа сите, уживањето можеше да почне.

Најпрвин прва дестинација им беше авантура, истражување и доживување на Тајланд, а откако максимално ги апсорбираа сите убавини, Сузе, сопругот и двете ќерки не застанаа тука.

Нов авионски лет, и нова атрактивна топла дестинација – Дубаи.

Нова серија жешки фотографии со бујните гради во преден план, а секако и тие каде ја покажува својата вита става во бикини кое и стана пракса не само во лето, туку овој пат и зиме.

Потемнетиот тен од Тајланд и беше добредојден на жешкото сонце во Емиратите, а таа како и секогаш полна со енергија и елан за хедонистичко препуштање во целост.

Сопругот Јасмин како и секогаш е тука расположен да ја фотографира и снима својата секси Сузе, а таа пак да покаже на своите фанови и следбеници од густо набиените „стори“ на Инстаграм.

Уживање за сите пари, а парите не се проблем… За Сузето нема зима – пари има!

фото:instagram printskrin/ suzanagavazova

Останати вести од Радио Милева