Радио Милева
пижама парти реклама

Од Лоба на Спенџарска: Водителката се подготвува да стане „бренд амбасадор“ или пејачка?

Од Лоба на Спенџарска: Водителката се подготвува да стане „бренд амбасадор“ или пејачка?

Во последно време како да стана мода македонските јавни, естрадни или ТВ фаци да станат заштитни лица или како што некои од нив милуваат да кажат, „бренд амбасадори“ на некоја домашна марка, фирма, бренд за… се’ и сешто!  Или на оние кои ги застапуваат и продаваат кај нас. Од прехрамбени производи, пијалаци, козметика, облека, накит и акцесоари до автомобили… Рекламира кој што стигне и обратно… Му даваат да ги рекламира, кој како стигне…

Македонските ТВ водителки како што споменавме, не се исклучок… Од Лила, Марјана Станојковска, Милена Антовска…  па се до најновата комбинација: водителката на утринската на Канал 5 – Јелена Спенџарска и познатиот македонски бренд за пижами, ноќници, долна облека, костими за капење, хулахопки…

Нив до душа последните година-две ги рекламираше македонската поп пејачка Викторија Лоба и тоа може да се каже доста успешно.

Градските билборди, излозите, магазините, интернет порталита, а Бога ми и социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од пејачката, облечена во моделите на споменатиот бренд.

Ликот на Лоба ви се смешкаше или ги скокоткаше машките мечти, кога ќе ја видевте пејачката провокативно облечена токму во некое парче долна облека или костим за капење на македонскиот бренд, како сензуално го носи на себе.

Но, големото модно шоу на познатиот бренд насловено „Дијамантска сензација“ наговести, а нивното ново заштитно лице потврдува дека пејачката и брендот очигледно повеќе не соработуваат. Зошто и како – остана во доменот на личните бизнис релации, а брендот решил: Од Лоба на Спенџарска! Од пејачката се префрлија на водителката!

Таа е замената, нејзина алтернација за рекламирање на нивниот асортиман на производи. Соработката ја почнаа со пижами и фотосесија… И тоа музичка, распена, разиграна… пижама парти!

Сакајќи само да се забавува при снимањето или „погледи да мами во пижами“, беровката на привремен престој во метрополата, тргна да ги покажува своите танчарски и вокални квалитети.

На звуците на хармониката, зад која своите свиречки мајстории, покрај оние што ги умее со камерата и фотобјективот, ги покажа уметничкииот фотограф и режисер, Дарио Јанковиќ.

Оние неупатните останаа во дилема: Дали тоа водителката се подготвува да стане заштитно лице или певаљка? Што и да е – нека е… Само да е весело! А и на брендот, да му тргне продажбата!

 

Останати вести од Радио Милева