Радио Милева
стој на страна... ако можеш?!

Бугарската фолк ѕвезда Марија во еротско или музичко видео: Седната на клавир со широко раширени нозе и меѓуножјето во лицето на пијанистот (ФОТО)

Бугарската фолк ѕвезда Марија во еротско или музичко видео: Седната на клавир со широко раширени нозе и меѓуножјето во лицето на пијанистот (ФОТО)

Бугарската фолк ѕвезда Марија одлучи да покаже неколку кадри во вид на фотографии  од нејзиниот најнов видеоспот насловен „Стој на страна“. Од она што го сексапилното фолк мињонче го сподели на својот Инстаграм, станува јасно дека се работи за уште еден мошне провокативен спот, кое според количината на разголените кадри, повеќе наликува на еротско, отколку на музичко видео.

„Една од моите омилени снимки за видеото!“ – напиша Марија за фотографијата, во која ја навлекла машката кошула на себе, додека на главата носи сламена шапка.  Во преголемата желба да го подобри нејзиниот тон на кожата и ефектот на силно нашминкани очи, во кои ставила светло сини леќи, конечниот ефект е шокантен, забележува Бугарија денес.


Сепак, Марија е „глува“ на сите критики и продолжува да се споредува со холивудските sвезди.

Во спотот за песната „Стој на страна“ со Рико Бенд, пејачката и понатаму се потпира на пренагласениот мејкап, фотошопираните фотографии и видео и секако, неизмерната еротика во секој втор кадар.

Гола во када, однапред, одзади или лежејќи во еротска облека од црна проѕирна тантела, сеедно… Марија така пожелно го нуди сиот свој сексапил на увид, што брзо заборавате на сите недостатоци и критики. 

Особено впечатлива е сцената во која пеачката е „лице в лице“ со младиот пијанист. Тој зад клавирот, а таа седната на него, со широко раширени нозе на дирките и меѓуножјето во лицето на пијанистот…

Таа толку „настрана“, а ти „Стој на страна“…  мирен ако можеш?! 

 

Останати вести од Радио Милева