Мегафон

„Новиот почеток“ со јубилеен концерт и промоција на “Endless Endeavors” во МКЦ

„Новиот почеток“ со  јубилеен концерт и промоција на “Endless Endeavors” во МКЦ

„Новиот почеток“, стилизирано како Noviot Pochetok, исто така познати и како The Beginnings (за интернационална употреба) е еден од најдолго-свиречките музички групи во македонската музичка историја.
Бендот започнува во 2002 година и е препознатлив по своите ултра-енергични и експолозивни настапи во живо. До сега имаат отсвирено преку 250 концерти и 8 европски турнеи во последната декада – што ги прави еден од малкуте домашни бендови кои успеале тоа да го остварат до сега.

Со 4 албуми на македонски и 1 best-of албум со препев на англиски зад нив, тие го промовираат своето најново, 6-то издание – повторно на македонски, каде ако не во МКЦ. Албумот е сниман, продуциран и мастериран од страна на Ненад Трифуновски – Трипе (кој го сними и првиот албум во 2005 година!) и Филип Тасевски – Fitz aka Feetz (август 2021 – јули 2022). Тапаните се снимени во Кино Фросина, МКЦ, Скопје / сé останато во пробувалната на бендот во Макотекс.

На 25 март 2023 г.(сабота) со јубилеен (20+1 година) концерт, без ограда, горе во Денсинг салата .
– ќе поминеме скоро час и половина материјал комбиниран од сите албуми на мк
– ќе имаме и пар специјални гости
– нов, фино дизајниран merch
– дружба пред и по концерт
Промовираме нов, 6-ти по ред албум на 12” винил и CD “Endless Endeavors” во лимитирани тиражи!
Речиси 3 години работа на овој албум. Моментално достапен на сите дигитални аутлети:
• Bandcamp: https://bit.ly/np-ee-bc
• Spotify: https://spoti.fi/3YpDfYv
• Youtube: https://bit.ly/np-ee-yt
• Apple Music: https://apple.co/3K4pABF
Гости на концертот ќе ни бидат новата генерација на фантастични артисти – групите “Dimish” и “KEM”.
Влезници во претпродажба на билетара МКЦ и bileti.mkc.mk
Набавете уште веднаш – директен линк: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1195