Радио Милева
се сè сменило

Никола Пелц проговори за односот со Викторија Бекам и откри како започнало сè (фото)

Никола Пелц проговори за односот со Викторија Бекам и откри како започнало сè (фото)

Откако се омажи за Бруклин Бекам, Никола Пелц често е предмет на гласини дека не е во добри односи со нејзината свекрва Викторија Бекам. Многумина нејзините изјави ги протолкуваа како против Бекамови, но ситуацијата е сосема поинаква.

Никола објасни како всушност започнале гласините. Како што рекла, се започнало со тоа што за време на нејзината венчавка со Бруклин не носела венчаница со потпис на Викторија Бекам.

– Требаше и јас сакав, но кога поминаа неколку месеци, таа сфати дека нејзиното ателје нема да може да го направи она што го сака и морав да изберам друг фустан – вели Никола и додава:

– Таа не рече дека не можам да го носам, јас не реков дека не сакам да го носам. Така почнаа гласините и потоа сè само се разви.
На гласините реагираше и нејзиниот сопруг Бруклин.

– Научив дека луѓето секогаш ќе кажуваат такви работи. Тие секогаш ќе се трудат да ги понижат луѓето и нема да престанат да се обидуваат. Но, кај нас навистина се е во ред – рече тој.

Кога станува збор за нивниот брак, се чини дека  тие веќе го пронашле рецептот за среќа.

– Одлично е што ништо не ни треба еден од друг. Ние сме само заљубени. Нема ништо што ми треба од него и ништо што му треба од мене – изјави Никола.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Бруклин Пелц/Бекам/Танјуг

Останати вести од Радио Милева