Радио Милева
со повод

Свекрвата на Елена „Живот со стил“ е млада дама, а познатата снаа се уште не ја вика „мама“, но сепак вака и го прави ќефот… (фото)

Свекрвата на Елена „Живот со стил“ е млада дама, а познатата снаа се уште не ја вика „мама“, но сепак вака и го прави ќефот… (фото)

ТВ водителката и инфлуенсерка, Елена Најдоски или попозната како „Живот со стил“ , веќе една година е мажена жена која откако го кажа судбоносното „да“, заедно со избраникот Бојан Најдоски се незапирливи со патувања.

Тоа што не се дома, воопшто не е причина да ги заборават важните нешта, на пример родендените. Токму таков важен ден имаше свекрвата на водителката, што беше повод Елена да и честита јавно на славеничката преку социјалните мрежи, а со тоа и да ја покаже мајката на Бојан.

Млада дама која на прв поглед ќе се запрашате дали е сестрата или мајката на сопругот на Елена.

Снаата се уште по старите обичаи не и вика „мамо“, но затоа има посебна тактика со која и го прави ќефот на свекрвата која ја ословува во деминутив , односно нагалено Јулче.

Мама Јулче наполни 53 години, а снаата Елена со неколку фотографии ја покажа свекрвата која инаку е мајка на два сина од кои Бојан е постариот.

Ако за некои снаи е лесно да ги викаат свекрвите со „мамо“ , ваквото ословување за повеќето веројатно е прифатливо. Свекрвата се чувствува веројатно младо, а и задоволно дека снаата ја вика нагалено. Двете страни среќни и задоволни за „мир во куќа“.

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева