Радио Милева
уникатна

Невеста во одело: Се омажи „Ѕвездата на Гранд“, а еве како изгледаше нејзината интимна венчавка (фото)

Невеста во одело: Се омажи „Ѕвездата на Гранд“, а еве како изгледаше нејзината интимна венчавка (фото)

Пејачката и поранешна учесничка на „Ѕвезде Гранда“, Ненси Стојановиќ му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Милорад, со кој по само два месеци врска знаеше дека се создадени еден за друг.

Парот се венчал пред Бога во црква во кругот на нивните најблиски пријатели, по што се упатиле кон ресторан каде заедно ручале и го прославиле најубавиот момент во животот.

Наместо венчаница, невестата блесна во свечен бел костум, додека младоженецот избра сив костум и бела кошула.

Младенците веднаш ја споделија радосната вест и првите фотографии на својот Инстаграм, а пејачката изрази жалење што поради ситуацијата во Србија не може да слави и да се радува на својата среќа како што замислила.

– Колку страшно време дојде кога човекот веќе не може искрено ни да се радува на својата среќа, деновите што ги чека цел живот. Заради целата атмосфера што се создаде поради некои одвратни психопати запоставени од нивните родители, целото општество, системот. Почивај во мир на сите жртви на будали – истакнала пејачката пред свадбата.

За потсетување, сегашниот сопруг на Невена се сврши по само два месеци врска кога ја запроси на Бадник минатата година.

– Се запознавме во кафеана на мојот настап. Беше во сепаре до бината, ме снимаше, така почна комуникацијата. Не губеше време, се јави утредента, постојано се допишувавме и по два дена почнавме врска – изјави пејачката.

фото:Инстаграм принтскрин/Звезде Гранда

Останати вести од Радио Милева