Радио Милева
веќе го знае полот и името

„Неколку пати го сонував“: Јована Јеремиќ за второто дете со милионерот (фото)

„Неколку пати го сонував“:  Јована Јеремиќ за второто дете со милионерот (фото)

Водителката на „Пинк“ Јована Јеремиќ среќата ја најде покрај бизнисменот Драган Станковиќ, а како што објавија тамошните медиуми, тие двајца планираат да добијат заедничко дете.

Имено, како што понатаму пишуваат медиумите, Јована го чека крајот на 2025 или почетокот на 2026 година за тогаш да забремени бидејќи во тие години астролошките аспекти и се поволни за проширување на семејството.

– Судено ми е да имам уште едно дете и тоа ќе биде момче. Мој заштитен знак е Свети Василије Острошки и ја стекнав неговата заштита, затоа што ја чувствувам во душата, а неколку пати сум го сонувала. Се трудев да не навлегувам во гревови кои не ми требаат. Синот ќе го носи името Василеј во чест и  благодарност до свети Василиј Острошки, бидејќи тој ме штити цел живот – изјави неодамна Јована за Телеграф.

Водителката  на „Нови Јутра“ извесно време е, да потсетиме, во врска со сопственикот на пекарската индустрија Драган Станковиќ. Двајцата потенцираат дека се најголемите љубови еден на друг, а таа откри дека на некое време ќе се повлече од медиумите.

Фото: printskrin/instagram/jovana jeremic

Останати вести од Радио Милева