Радио Милева
срам

„Нека се плашат од Бога…“: Сека Алексиќ бесна поради гласините дека нејзиниот сопруг направил дете на дадилката (фото)

„Нека се плашат од Бога…“: Сека Алексиќ бесна поради гласините дека нејзиниот сопруг направил дете на дадилката (фото)

На социјалните мрежи со денови кружи „информација“ дека сопругот на Сека Алексиќ станал татко на дете со дадилка.

Сека Алексиќ веднаш реагираше на ваквите, како што самата вели, измислици и застана во одбрана и на семејството и на нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ.

Имено, еден твитерџија сподели статус во кој го напиша следново:

„А, Вељко Секин кој направи бебе на дадилка, а таа глуми семејна идила“. Сека Алексиќ за тамошните медиуми изјави дека е шокирана и разочарана од сите оние кои успеале да измислат такво нешто.

– Семејството е свето, срам за секој што ќе го допре мојот брак и сопруг. Оние кои измислуваат вакви приказни нека се плашат од Бога – изјави пејачката.

Фото: printskrin/instagram/seka_aleksic

Останати вести од Радио Милева