Радио Милева
Љубомора без кочници

„Не сакал повеќе да ја трпи“: Испливаа нови детали за крајот на љубовната врска на Дара Бубамара и помладото момче

„Не сакал повеќе да ја трпи“: Испливаа нови детали за крајот на љубовната врска на Дара Бубамара и помладото момче
фото:дара бубамара/инстаграм принтскрин

Пејачката Дара Бубамара, како што пренесуваат медиумите, повеќе не е заљубена во своето момче Тони, кој е 21 година помлад од неа, а како што сега се наведува, причината за раскинувањето е љубомората на пејачката.

Имено, како што изјави извор близок до парот за „Ало.рс“, младиот избраник на Дара повеќе не можеше да ја поднесе посесивноста и љубомората на фолкерката кон секоја жена во неговата компанија. Иако парот се обидуваше да ги реши своите проблеми и да ја спаси врската, капката што ја прелеа чашата се случи неодамна и тогаш Тони реши дефинитивно да стави крај на романсата со Дара.

– Дара буквално почна да го нервира Тони секој ден поради постојаното префрлање за секоја ситница. Сепак, на Дара најмногу и пречеше тоа што нејзиното момче секогаш беше во друштво на девојки на негова возраст, поради што имаше неколку љубоморни испади. Кога сфати дека повеќе нема да може да го контролира, Тони реши да прекине и да стави крај на нивната врска – тврди изворот и додава:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tony (@rbtony1)

– Кога првпат започнаа да се забавуваат, двајцата беа свесни дека нивната врска не може да успее доколку има љубомора, па Тони од почетокот и кажа дека нема да ги менува навиките поради неа. Од друга страна, Дара се согласи на неговите услови и свесно го прифати фактот дека млади и привлечни девојки го напаѓаат нејзиното момче секој ден. Сепак, со текот на времето, на Бубамара започна да и пречи, ја изгуби довербата и самодовербата и не и беше лесно секоја девојка во околината на Тони да биде згодна и млада. Поради тоа, таа честопати му проповедаше и тоа беше причината за нивните чести кавги.

Инаку, пејачката и младиот бизнисмен беа во врска околу девет месеци.

– Тони лесно може да добие што сака. Отсекогаш сакал девојки постари од него, но со младешки дух. Врската со Дара функционираше сè додека таа не почна да го гуши, по што тој реши да го прекине контактот со неа. Поради експонирањето на социјалните мрежи, обајцата доживеаја бројни непријатности и осуди на сметка на разликата во возраста, која Тони повеќе не сакаше да ја трпи. Сега тој е подготвен да продолжи понатаму и да биде во врска со помлада девојка – тврди изворот на споменатиот медиум.

фото:инстаграм принтскрин

Инаку, Дара и нејзиниот поранешен партнер се следеа по социјалните мрежи по раскинувањето, од каде ги избришаа сите заеднички фотографии, но сепак Дара се уште не признава дека е карј на врската, барем не јавно.

Останати вести од Радио Милева