Радио Милева
иронија

„Не можев да носам фустани“ – Тамара Ѓуриќ ја откри причината за операцијата на градите и носот (фото)

„Не можев да носам фустани“ – Тамара Ѓуриќ ја откри причината за операцијата на градите и носот (фото)

Тамара Ѓуриќ се огласи и во едно интервју откри зошто решила уште еднаш да легне под нож и овој пат да ги намали бујните гради по кои беше позната.

Зошто ги намалила градите, таа одговорила:

– Почувствував потреба да ги немам… Не можев да носам фустани од светски дизајнери, бидејќи се пропорционално кроени.

– Никогаш не ме интересирале злобни коментари затоа што сум своја личност. Сè уште сум на мислење дека кога ќе се појавиш со огромна биста, луѓето сакаат да те слушнат, во смисла: „Чекај да видам што зборува оваа будала“, но мислам дека сега на сите им е јасно дека поентата не ми е во тие големи гради и слаба мотивација.

-Колку пати си отишла под ножот досега? Дали ја знаеш точната бројка?

– Еднаш реков во интервју дека сум била 100 пати, што е, се разбира, карикирање! Иако, ако треба да бројам неинвазивни третмани како ботокс, хијалуронски филери, пи-ар-пи… и не само операции, тогаш ги има повеќе од илјада. Сум ги правела градите неколку пати, задникот еднаш, а најголемата иронија е што само направив лифтинг на  носот , додека луѓето мислат дека сум го оперирала.

Фото: Printskrin/Instagram/tamarastar89

Останати вести од Радио Милева