Радио Милева
подготвена за новитети

„Најмалку е важно дали добив или дадов отказ“: Душица Јаковљевиќ искрено проговори за промената што и се случи (фото)

„Најмалку е важно дали добив или дадов отказ“: Душица Јаковљевиќ искрено проговори за промената што и се случи (фото)

Душица Јаковљевиќ се појавила  на една  ревија и во таа прилика проговорила за отказот од „Пинк“, а за приватниот живот не сакала да зборува како и досега.

– Сега ми е малку чудно, не бев свесна, добив голема поддршка, се се случи брзо, можеби најдобро е да кажам како го доживувам сето тоа. Секогаш сум имала медиумско внимание, не сум гладна за тоа внимание, се снаоѓам. Од една страна нешто убаво ми се случува, од друга страна дојде до несогласување. Сето тоа е живот. Без жалење, подготвени сме за нови потфати. Сите заедно живеевме, нема ниту еден лош збор, јас не сум од оние луѓе што ќе плукаат на нешто. Одиме понатаму, одам во друга средина каде што ме примија како член на семејството. Најмалку важно е дали дадов отказ или дали ме отпуштија. Договорно ќе се разделиме – изјави Душица Јаковљевиќ.

Водителката се појавила на ревијата со пријател, за кој многумина мислеа дека е нејзино момче.

– Ова е Никола, мојот најдобар пријател, не зборувам за мојот приватен живот, го држам подалеку од се –  изјавила таа.

Фото: Принтскрин/Инстагарам/Душица Јаковљевиќ

Останати вести од Радио Милева