Мегафон

Најдоброто од македонската сцена викендов ќе пее во општина Бутел

Најдоброто од македонската сцена викендов ќе пее во општина Бутел

Општина Бутел на локалните жители и гостите од другите краишта ќе им понуди одличен музичко-забавен настан – „Наш Бутел“. Настанот е замислен како дводневен фестивал на 27-ми и 28-ми октомври и на истиот ќе настапат најактуелните македонски музички изведувачи.

На 27-ми октомври ќе може да се забавувате во одличното стенд-ап шоу на Бојан Велевски, да уживате во музиката на Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски и Влатко Лозановски – Лозано. На 28-ми октомври за забавата ќе настапат Таско, Пајак и ДНК. Настаните ќе се одржуваат на големиот паркинг кај паркот “Олимписки сон”, веднаш до ООУ “Св.Климент Охридски” во населбата Бутел 2, а ќе започнуваат во 20 часот и ќе траат до 1 часот по полноќ.

„Нашата општина веќе две години работи на планот за урбанизација на Бутел, културата е дел од овој план и преку овој фестивал сакаме на жителите да им овозможиме модерен и културен настан на Бутелчани“, изјави градоначалникот на Општина Бутел – Дарко Костовски.

Влезот на овој дводневен фестивал е бесплатен, а со овој настан Општина Бутел сака да им овозможи урбана и културна забава на своите жители со најдоброто од македонската музика.