Радио Милева
партнерка на совозачко

На вечерно возење по пижами: Сања Ристиќ е македонското девојче на Перо Антиќ?! (фото)

На вечерно возење по пижами: Сања Ристиќ е македонското девојче на Перо Антиќ?! (фото)

Актуелениот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ, повторно е во фокусот на јавноста и медиумите. Причина за тоа како и вообичаено е неговиот приватен живот, а за истото овој пат самиот беше иницијатор на веќе подгреаните гласини.

Неодамна го поврзуваа дека е во љубовна врска со фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ што тој децидно го демантираше, но тогаш потврди и дека не е „сингл“ туку дека е заљубен и во нова врска. Перо очигледно не се плаши да влета во нова романса, па како што вели и самиот, од грешките се учи за се’ она што следи.

Откако измината есен ја прекинаа врската со макенеката Каратина Ивановска, Антиќ не милува да открива премногу за тоа која е неговата сакана или како што неопдамна ја нарече- македонско девојче.

-Интимен живот не споделувам. Нека си шпекулираат. Само ќе кажам мојата нова љубов е македонско девојче, кажа тогаш тој за ММС, мислејќи на тоа дека не се работи за Цеца.

Чаршијата уште тогаш зборуваше дека Перо и новата девојка не ја кријат врската во јавност, туку само не се решиле тоа да осамне на социјалните мрежи. Според новините од Инстаграм профилот на Перо, нештата во тој поглед почнале да се менуваат или поточно тргнале во правец на вечерно возење по пижами.

Очигледно се уште во празнично расположение, облечени во пижами со таква симболика, тој зад воланот, а таа на совозачко во иста пижама.

Која би можела да биде македонското девојче, ако не во случајот Сања Ристиќ?- специјалистката за маркетинг и екс- сопруга на ракометарот Дејан Пецаковски за кого таа изјави дека неверство не е причина за разделбата, а не се заедно повеќе од една година.

-Мојата разделба со мојот сопруг Дејан беше апсолутно мирна разделба каде една од причините што не постои е неверство. За себе тврдам, за Дејан исто така можам да тврдам, затоа што е сосема друга причината поради која ние сме се разделиле – вели Ристиќ во интервју за Жешко столче.

Потано или подоцна, како едниот така и другиот ја кажале својата страна на приказната, а засега кај двајцата истата гласи:

-Денес голем луксуз е да имаш некого кој сака се’ со тебе, стои во „приказните“ како кај Перо ,така и кај Сања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Ristic (@sanjalala)

Во случајот заедничката фотографијата од „стори“ приказните е сосема доволна за тоа која е партнерката на Перо – од совозачко.

Едно е сигурно, пижама возење им е фетиш, правецот каде се упатија непознат, а крајната дестинација обострано задоволство за среќна и исполнета вечер.

фото:Instagram printscreen/ sanjalala/ cickostoilko

Останати вести од Радио Милева