Мегафон

На третиот ден Божиќ го празнуваме и Свети Стефан: Ова бил најраспространетиот обичај за овој ден

На третиот ден Божиќ го празнуваме и Свети Стефан: Ова бил најраспространетиот обичај за овој ден

Најраспространет обичај во минатотп за Свети Стефан било да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотворна моќ.

Денес, на третиот ден од празникот Божиќ светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера.

Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, каменуван затоа што проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе.

Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

Свети Стефан секогаш се слави на 9 јануари, на третиот ден од Божиќ и е една од поголемите слави.

Најраспространет обичај во минатотo за Свети Стефан било да се изнесе сламата од куќата поради нејзината плодотворна моќ. Претходно сламата внимателно се метела и се собирала, се оставала во шталата, во овоштарникот или меѓу пчелите за да го поттикне родот или напредокот.

Според обичаите, жените требало да ја изнесат сламата надвор од куќата и тоа многу тивко за да не се слушне како заминува Божиќ. Некои од нив метлата со која ја метеле сламата не ја користеле цела година туку ја чувале заради подобро здравје.

извор:курир.мк
фото:Freepik