Радио Милева
неизбежно пензионирање

На легендарната актерка и е дијагностицирана тешка болест од која повеќе не може да снима – не е во состојба да го прочита сценариото (фото)

На легендарната актерка и е дијагностицирана тешка болест од која повеќе не може да снима – не е во состојба да го прочита сценариото (фото)

Џуди Денч, легендарната актерка со титула дама и најстара жена што се појавила на насловната страница на британското издание на магазинот „Вог“, во последните години „војува“ со здравствени проблеми. На некој начин тоа е разбирливо бидејќи се ближи до деведесет. Но, сега неволјите со кои се соочува станаа сериозни, толку што таа најави пензионирање.

Осум пати беше номинирана за Оскар, а еднаш го освои, за само осум минути појавување во костимографската драма „Вљубениот Шекспир“.

Духовита и полна со енергија, Џуди е честа гостинка во најгледаните емисии на англиската телевизија, а неодамна му откри на водителот Греам Нортон дека планира да се повлече од светот на актерството, во кој е активна шест и пол децении. Не и пречат годините, иако има доста, туку, како што објасни, макуларната дегенерација (оштетување на жолтата дамка во окото).

Болеста била дијагностицирана во 2012 година и оттогаш незапирливо напредувала, иако таа направила се’ за да го реши проблемот. Сепак, таа веќе не може да го прочита сценариото без нечија помош. Обично ѝ помага нејзината ќерка Финти, исто така актерка или агент.

‒ Тоа стана невозможно. Бидејќи имам фотографска меморија, треба да најдам машина која не само што ќе ме научи на текстот, туку и ќе ми каже каде се појавува на страницата – истакна „Оскаровката“.

И покрај нејзината болест, Џуди дава се од себе за да продолжи да работи колку што може. Така таа во март ја промовираше драмата „Алелуја“, а во постпродукција се уште неколку филмови кои неодамна ги сними.
‒ Порано ми беше многу лесно да го научам текстот и да го запаметам. Сега би можела да ја направам целата претстава на Дванаесеттата ноќ, му открила на Нортон.

Губењето на видот не влијае само на работата. Минатата година Џуди се сопна на тепихот и падна. Таа не можеше да стане. Долго лежела на подот бидејќи во куќата немало кој да и помогне. Се случило и, вели, да помине покрај некој негов близок без да го препознае.

Иако постои можност целосно да го изгуби видот, познатата актерка не сака да размислува за тоа. Но, пензионирањето е веројатно неизбежно.

фото:Jeff Spicer/Getty Images/Gareth Cattermole

Останати вести од Радио Милева