Мегафон
скопски вински салон

На 8-ми и 9-ти декември: „Винодонија 2023“ во хотел „Мериот“ – Скопје

На 8-ми и 9-ти декември: „Винодонија 2023“ во хотел „Мериот“ – Скопје

На многумина бројот седум им е среќен број, а за нас е уште едно издание во низа на Винодонија во правец на нашата мисија и пат кон славење и промоција на виното во Македонија.

После бербата со многу предизвици за винариите и неколку напорни и се надеваме успешни саеми низ регионот со ненамалена желба и ентузијазам, го најавуваме седмото издание на Скопскиот вински салон -Винодонија 2023 кое ќе се одржи на 8-ми и 9-ти Декември (петок и сабота) во хотел Мериот Скопје во убава и опуштена атмосфера, полна со винска страст која повикува на уживање.

Работното време на салонот во двата дена ќе биде од 15.00 до 21.00 часот.

Винодонија повторно ќе биде место каде што нашите уметници-винари ќе ги донесат и покажат своите најдобри вина и нетрпеливо ќе ги очекуваат Вашите коментари, критики и пофалби, но и прилика да се истражи и дегустира и т.н. странска винска сцена која што во последната година порасна во Република Македонија и се збогати со нови вински брендови и стилови од Италија, Франција, Португалија и Шпанија.


Винодонија продолжува да расте во престижен и квалитетен настан на кој што виното го покажува својот сјај и уникатност и ни покажува зошто тоа отсекогаш било дел од македонскиот културен идентитет.

Картите за Скопски вински салон – Винодонија 2023 ќе бидат во ограничен број, па препорачуваме да си ги купите однапред електронски (онлајн) по цена од 750 денари за секој ден посебно (на линкот што ќе го објавиме дополнително), а еден мал дел ќе може да се купат и на самиот влез пред почетокот на настанот, но по цена од 1.000 денари за секој ден посебно.

И овој пат, дојдете на седмата Винодонија и споделете ја Вашата винска страст со останатите вински љубители.