Мегафон
промоција

На 27. март промоција на монографијата: „Мизар“ Откровенија 1981-2021 во кафе бар „Гуво куче“

На 27. март промоција на монографијата: „Мизар“ Откровенија 1981-2021  во кафе бар „Гуво куче“

Монографијата (од едицијата – МАКЕДОНСКИ РОК АРХИВ) МИЗАР – ОТКРОВЕНИЈА 1981-2021 авторот Тошо Филиповски ја најавува за 27.03.2022 (недела) – Скопје, во кафе бар: „Глуво куче” од 18:00 часот, па додека законот дозволува.

Формалниот дел…самиот чин на говоранција (секако интересен за новинари – ако воопшто се појават) ќе започне во 20:00 часот.
Пред и потоа ќе има слушање музика, изложба, промоција, дружење.

Вечер комплетно посветена на МИЗАР!
И потсетување, ова е прва монографија за еден македонски рок бенд !

Дистрибуцијата на книгите, на оние кои до овој период нарачале , или деновиве ќе го направат тоа – ќе биде приоритет, веднаш по добивањето на првите примероци од печатницата.
Првите 100 примероци ќе бидат рачно нумерирани и потпишани (по желба на купувачите и со посвета од авторот).
Дополнително, само првите 50 примероци ќе бидат потпишани од страна на лидерот на бендот МИЗАР – Горазд Чаповски (+ гратис налепница).