Радио Милева
познато сценарио

Му кажа „да“ на… Со круна на главата и деколте на мегдан – Дали Марјана Станојковска го најде вистинскиот? (фото)

Му кажа „да“ на… Со круна на главата и деколте на мегдан – Дали Марјана Станојковска го најде вистинскиот? (фото)

Згодна, шармантана, убава, професионална се само некои од епитетите кои може да се дадат на македонската водителка Марјана Станојковска.

Марјана освен што имаме прилика да ја гледаме како водителка на „Лото“, може да ја видиме во разни други кампањи каде што промовира одредени брендови, производи, аксесоари и слично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Па така, домаќинката на „Лото“на својот „Инстаграм“ меѓу најновите „стори“ објави фотографии направени во еден салон за венчаници додека се огледува во бајковит невестински фустан. Марјана по којзнае кој пат облече венчаница за да промовира бренд, а веруваме дека дури и самата не го знае бројот на модели од разни брендови на венчаници кои ги носела на себе.

Сепак, никако да ја облече онаа вистинската, венчаницата за својата свадба на која ќе го каже судбоносното „да“.

И овој пат, повторно му кажа „да“ само на фустанот и тоа како дел од претстојниот саем за венчавки кој ќе се случи во месец март.

„Мајата“ никако да фати, но кој знае, можби 2023 ќе биде онаа правата со вистинскиот, па Станојковска конечно ќе стапне на лудиот камен. Дали ќе биде така останува да покаже нашиот најдобар сојузник – времето.

Инаку, за Марјана приватноста ја крие како змија нозете, па откако пред неколку години се пишуваше дека е во врска со поранешниот македонски кошаркар Пеце Наумовски, не сме дознале ништо ново.

Нивниот статус сега е непознат.

Како и да е, Марјана изгледа божанствено во венчаницата како и секогаш!

фото:Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева