Радио Милева
добро се „укотвил“...

Момчето на Цеца, Богдан си го „присвои“ џипот на нејзината снашка Богдана: Позајмица или конфискација која ќе го изнервира Вељко? (ВИДЕО)

Момчето на Цеца, Богдан си го „присвои“ џипот на нејзината снашка Богдана: Позајмица или конфискација која ќе го изнервира Вељко? (ВИДЕО)

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ очигледно ужива во љубовта со новото момче Богдан Срејовиќ, кој е девет години помлад од неа.

Деновиве, скапиот џип Ренџ Ровер кој снаата на пејачката Богдана го користеше до неодамна, Богдан го провозе низ белградските улици, а екипата на „папарацо лов“ педантно го улови. Цеца очигледно сфатила дека нејзиниот љубовник ужива да се вози со луксузен автомобил па  му дозволила да го користи, а сите се прашуваат дали тој ќе продолжи да го вози џипот или пак тој повторно ќе заврши во рацете на Богдана.

Да потсетиме, Цеца и Богдан се запознаа кон крајот на ноември 2020 година, откако се сретнаа во еден ресторан во Нов Белград, каде што тој работи како менаџер.Тие не кријат од јавноста колку се среќни и колку уживаат во љубовта. Имено, покрај тоа што Цеца Богдан го запозна со своите деца Анастасија и Вељко на новогодишната ноќ,  таа имала можност да ја запознае и Искра, ќерката на од првиот брак на нејзиниот избраник и да присуствува на нејзината роденденска прослава.

Сепак остана дилемата кога е џипот на снашката на Цеца во прашање,  дали е во прашање само мала позајмица или целосна конфискација?

Нешто што воопшто не би му се допаднало на Вељко, кој и онака се чини дека многу „не го мириса“ негвовиот потенцијален млад очув.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/nikoj-ne-moze-da-go-zameni-arkan-sinot-na-ceca-se-oglasi-otkako-celiot-region-dozna-deka-majka-mu-ima-nova-ljubov-foto/

Нешто  што го покажа штом дозна за врската на мајка му Цеца и нејзиното ново момче, па веднаш на својот Инстаграм сподели фотографија од татко му со порака: „Еден е Аркан… и никој не може да го замени!“

Фото: Јутјуб принтскрин/Папарацо лов

Видео: Јутјуб/Папарацо лов

Останати вести од Радио Милева