Радио Милева
„ѓаволот се крие во деталите“

Мисицата и „Гранд“ пејачката ги однесоа сите погледи на „Макфест 2022“: Кристина и Андријана – две„секс бомби“ кои го спакуваа стилот и сексапилот во еротско-страден пакет налик на ѕвездите од белиот свет (ФОТО)

Мисицата и „Гранд“ пејачката ги однесоа сите погледи на „Макфест 2022“: Кристина и Андријана – две„секс бомби“ кои го спакуваа стилот и сексапилот во еротско-страден пакет налик на ѕвездите од белиот свет (ФОТО)

Тукушто завршениот „Макфест 2022“ полека ја слегнува прашината од еуфоријата која траеше викендов во Штип. Се сумираат резултатите, слегнуваат впечатоците, се анализираат деталите… Севкупно, но и секој од изведувачите поединечно за својот настап, сценското преставување, изведбата, кореографијата, костимографијата… И сето останато во фестивалското појавување, во „негови пет минути“  што се паметат цела година, а некои можеби и многу подолго потоа.

На годинешното фестивалско издание видовме многу тоа. И модерни песни и пристојни вокални изведби и атрактивни сценски настапи… Но, сепак две дами од македонската естрада и тоа оние од поновата генерација предизвикаа визуелна фасцинација. Едната доскорешна мисица, манекенка и топ модел, а од скоро и пејачка, другата млада пејачка „Гранд ѕвезда“ предизвикаа наезда на комплименти, пофалби и коментари, но пред се’ на себе „ги залепија“ и „влажните машки погледи“ и љубопитните женски „ѕиркања под око“ кога е во прашање нивниот моден стил и секако неодоливиот сексапил!

Кристина Димитри во пакет со нејзиниот постојан естраден партнер ДЈ Боно на сцената пееја за „Салса“, а во истиот манир и беа облечени.

Особено атрактивната мисица, која во „карневалскиот костимот“ налик на бразилските убавици од Рио, го истири сиот свој сексапил на сцената, но и вон неа.

Немаше вистински маж што не погледна во нејзините долги нозе, убавото извајано разголено га*е во кое впечатливо беше потонала тангата од светкавото боди и отвореното деколте…

Ваквиот еротски имиџ надополнет со ракавици до надлактици, мрежести хулахопки, високи сребрени „штикли“ и пердувестиот украс на главата, направи Кристина Димитри да ја однесе славата! Уште кога на сцената еротските движења и заводливото нишање на колковите во својот настап ги вметна, Кристина Димитри ја направи возбудата комплетна!

Барем кога се во прашање  стилот и сексапилот, дефинитивно атрактивната тетовка беше највозбудливата појава и на црвениот тепих и во бекстејџот и на фестивалската сцена на „Макфест 2022“!

Ништо помалку забележителна, впечатлива и атрактивна не беше ниту уште една млада пејачка. Македонската „Гранд ѕвезда“, Андријана Петрушовска покрај сигурниот вокален израз, убавата кореографија и танчарите кои настапија со неа, сцената, а и просторот вон неа ги обои со својата „фам фатал“ појава!

Облечена целата во кожа, од глава до петици, Андријана делуваше како една од оние убавици, кои штом ги видите, од возбуда „ве лазат морници“!

Пееше „Барај ме“, себе си се пронајде во кожен топ, во кој заедно со неа немирно танцуваат нејзините бујни гради, кожни, тесно припиени  панталони. однапред отворени и исшнирани со врвки до препони и долги црни ракавици од провидна тантела до рамена, обуена во војнички чизми, направија пејачката да изгледа како „садо-мазо“ домина!

Имиџ кој ги истакнува сите нејзини атрибути, предизвикувачки, провокативен и возбудлив, а сепак не и вулгарен!

Изглед кој во комбинација со песната и сценскиот настап покажа дека младата „Гранд ѕвезда“ може подеднакво добро да изгледа и изведува и поинков стил на музика од она што можеби од неа се очекува!

Како и да е, едно е сигурно: Мисицата и „Гранд“ пејачката ги однесоа сите погледи на „Макфест 2022“! Кристина и Андријана –  две„секс бомби“ кои го спакуваа стилот и сексапилот во еротско-страден пакет налик на ѕведите од белиот свет!

Обете покажаа и потврдија дека „ѓаволот се крие во деталите“, а малите детали се секогаш она што најмногу (ве) „пали“!

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry/andrijanapetrushovska

 

Останати вести од Радио Милева