Радио Милева
кариера базирана на глас

Мими Јовановска: „Сакам да успеам со глас, не со разголување“

Мими Јовановска: „Сакам да успеам со глас, не со разголување“
фото: Инстаграм/мимијовановска

Мими Јовановска со својот талент и музички вокал ја освои публиката во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Иако со првиот нејзин настап не освои голем белег, Мими подоцна со нејзините настапи успеа да го крене жирито на нозе и да добие многу позитивни коментари.

Мими е под менторство на Џенан Лончаревиќ  и со негова помош стигна до петиот круг на Ѕвездите на Гранд“.

фото: Инстаграм/мимијовановска

Во интервју за ммс.мк Мими откри каков е ментор Џенан. Таа вели дека соработката со познатиот пејач е многу успешна и дека е горда во неговиот тим.

Исто така, Мими вели дека немала прилика да ја запознае Јелена Карлеуша, но нејзините кандидати коментирале дека зад камерите е пријатна личност и секогаш е тука за нејзините натпреварувачи.

Јовановска освен што има талент за пеење, изгледа прекрасно на сцената и често добива позитивни коментари. Таа вели дека нема да ја користи својата сексапилност за да успее во кариерата.

фото: Инстаграм/мимијовановска

„ Секој треба да го даде тоа што го има.Јас мислам дека Господ ми дал глас и треба тој да го дадам на публиката и не би сакала да “успеам” на тој начин со разголување, сепак да се вратиме на старите вредности, дека квалитетот на тоа што го работиш треба да е пресуден, а не изгледот и убавината“, вели Мими за ммс.мк

Како Мими ќе се претстави во следниот круг останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева