Радио Милева
разголена силиконка

Михаела Стоичкова – бугарската „мис силикон“ топлес на балкон, па по танга со кренат среден прст покажа колку и е задниот предел цврст (ФОТО)

Михаела Стоичкова – бугарската „мис силикон“ топлес на балкон, па по танга со кренат среден прст покажа колку и е задниот предел цврст (ФОТО)

Актуелната носителка на титулата „Мис силикон“, Михаела Стоичкова, одново ја покажа својата гордост заради која и ја понесе титулата и тоа додека одмораше во Колумбија.

 

Силиконската убавица замина на оваа егзотична дестинација од каде не престанува да провоцира со своите секси фотографии во разни разголени пози.

На  последните Михаела позирасамо по пешкир… На првата фотографија на хотелскиот балкон бугарската мис силикон е пиштол гола, подзаскриена таму долу со еден од пешкирите, а другиот го замотала околу главата додека со двете раце едвај ги прекрила гигантските силиконски бомби…

Позата иста или речиси иста како онаа кога расната бугарска убавица ја израдува својата публика, со топлес поздрав од базенот, при скорешниот  престој во Домениканската Република.

И на втората поза цицлестата Бугарка е топлес, само што овој пат на себе носи и  гаќички за капење. Од двата пешкири останал само ониј на главата, па онака завртена со грб кон објективот на камерата, Михаела од облините ја споделила само убавата заоблена задница и во неа длабоко потонатата танга од бикините…

Патем, додека сите возбудено гледаат колку и е задникот поткренат и цврст, таа се обидела да им го одвлече вниманието, покажувајќи среден прст!

Фото: Инстаграм принтскрин/michelle_stoichkova

 

 

Останати вести од Радио Милева