Радио Милева
голема сличност

Миа Костова има дури четири двојнички: Сите се пејачки, а нејзе како сестри близначки (фото)

Миа Костова има дури четири двојнички: Сите се пејачки, а нејзе како сестри близначки (фото)

На социјаланта мрежа Инстаграм, освен споделувањето фотографии, познатите често се одлучуваат да споделат некоја интересна содржина подготвена од апликациите на споменатата мрежа едноставно за забава.

Со таква содржина овој пат  беше исполнета и кратката приказна на водителката, но и влијателна инфлуенсерка  Миа Костова.

Таа објави четири фотографии од личностите со кои поради физичката сличност често ја споредуваат, а на нејзините следбеници им се добро познати.

Миа на Инстаграм прва ја сподели легандарната Мерлин Монро,  лик со кој Миа неодамна на една забава, покажа колкава визуелна сличност имаат тие две .

Следен двојник беше поп-пејачката Наташа Беквалац, а за неа Миа еднаш и самата алудирапше на нивната физичка сличност и една своја фотографија ја опиша со зборовите дека некогаш на своите деца ќе им каже дека на таа фотографија е Наташа Беквалац.

Трета беше пејачката Тамара Тодевска, која е и нејзина добра пријателка. За нивната сличност многумина  коментираат колку потсетуваат една на друга, а Миа еднаш и реално го  покажа тоа откако позираа заедно а особено личат кога носат иста и гардероба.

Четврта, како сестра близначка се најде и светски познатата  пејачка Гвен Стефани, а дали и со неа има голема сличност одлучете сами!

Миа секако, уште еднаш привлече големо внимание со интересната објава, во која сепак остана своја.

Фото: Printskrin/Instagram/miandrija

Останати вести од Радио Милева