Мегафон
враќање на сцена

„Меморија“ по пет години пауза најави концерт: На 11-ти јуни на стадионот на АРМ во Скопје

„Меморија“ по пет години пауза најави концерт: На 11-ти јуни на стадионот на АРМ во Скопје

Култниот поп рок бенд ,,Меморија” ќе одржи голем концерт на 11-ти јуни на стадионот на АРМ во Скопје. По пет години пауза, членовите на групата вчера ја одржале првата проба, а најавата за концертот ја објавија на својата официјална страница.

„Бидна и првата проба, сите на куп, една фотка и после свирка! По пет години несвирење, не сме заборавиле многу.Меморија цела да е, секој да ја знае, се гледаме на 11-ти јуни на стадионот на АРМ“ – објавија од бендот.