Радио Милева
секси панорама на познатите Македонки

Мелита, Елена Велевска или Хелена Роза: Кај која има најдобар поглед… меѓу нозе? (ФОТО)

Мелита, Елена Велевска или Хелена Роза: Кај која има најдобар поглед… меѓу нозе? (ФОТО)

Откако ги измислија и инсталираа камерите во мобилните телефони, народот не престана да се фотографира! Она познатото: „Сега можеш само да се сликаш“ – на многумина им стана опсесија. Особено на дамите, па понежниот пол од селфи и белфи… почна да слика се што може да слика на себе.

Со доаѓањето на летото фото опсесијата станува фатална! Па најчесто се сликаат бујните атрибути, најистакнатите и испакнатите делови од телото, однапред, одзади, одозгора, одоздола, природни, силиконски… Ама има едно нешто што по логика на нештата би требале најмногу да го сликаат фудбалер(к)ите или балерините, зашто ним нозете живот им значат, ама ете… го фотографираат сите, па и познатите.

 

Фотографијата со поглед на долгите испружени нозе е во мода, а уште повеќе погледот низ нив… Или таканаречената “панорама меѓу нозе“! А неа, не ја заобиколиле ниту дел од познатите Македонки. Ги има многу, ама „панорамата“ на овие три, прва ни западнаа за око!

Така на пример, екс водителката и најпозната наша трендсетерка Мелита не пропушти покрај сите летни пози, да ја постира и споменатата. А на неа, убавата госпоѓ(иц)а ја покажа црната маслинка…

Се разбира, потонатат на дното во високата чаша со шампањско, цврсто стисната меѓу нејзините нозе… Омилениот пијалак за на плажа на Мелита! „Моет? З’ш да не моет?“ – што би рекле охриѓани!

А кога сме кај охриѓани и Охрид, таму живее македонската фолкерка Елена Велевска, па не и е ниту проблем ниту тешко, слободното време да го помине на некоја од плажите крај брегот.

А кога Елена ќе постиира „поглед меѓу нозе“, панорамата има двојна убавина. Погледот се пушта малку кон езерската шир, малку кон телесниот раскош на пејачката!

Ако зборуваме за таквиот раскош, со долги убави нозе може да се пофали и некогашната водителка и модел, нашата Македонка со привремен престој на Нов Зеланд, Хелена Роза, која во моментов е повторно дома.

Бидејќи на Хелена и е преку глава од вода,  или поточно од океанот, погледот на долгите нозе реши да ни го претстави ем на суво, ем во тесно!  Таа добро знае дека на мал простор, големината дополнително доаѓа до израз, па затоа нејзината „панорама меѓу нозе“ ја направи преку возачкото, ветробранско стакло!

А панорамата урбана, со поглед на Скопје ноќе, преку шофершајбната и кренатите нозе на воланот!

Сенките само го дополнуваат секси впечатокот и ја зголемуваат љубопитноста на влажните погледи, оставајќи ги во недоумица: Се гледа управувачот, ама што е со менувачот?

Фото: Инстаграм принтскрин

 

 

 

 

Останати вести од Радио Милева