Мегафон
фолклор

„Мелем песна“ – концерт на ансамблот за народни игри и песни „Танец“

„Мелем песна“ – концерт на ансамблот за народни игри и песни „Танец“

Во рамки на 42-то издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2021, утре 16-ти јули ,петок ќе се одржи вокално инструментален концерт насловен „Мелем песна” на НУ Ансамбл за народни игри и песни на Македонија„Танец” со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан. Настапуваат оркестарот, хорот и солистите на ансамблот „Танец”. Директор е м-р Мартин Вучиќ, уметнички раководител – координатор е м-р Бранка Костиќ-Марковиќ, раководител на оркестарот е м-р Дарко Илиевски, а раководител на хорот е м-р Гоце Цоневски.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе се регулира со билети по цена од 200,00 денари кои ќе можат да се купат пред почетокот на концертот на влезот на Сули ан.