Мегафон

Масимо, Плави оркестар, Емина, Розга, Раста… погледнете го конечниот список на настапи на MAC!

Масимо, Плави оркестар, Емина, Розга, Раста… погледнете го конечниот список на настапи на MAC!

Масимо Савиќ, Јелена Розга, Лете штуке, Емина Јаховиќ, Вива Вокс, Лолобриџида, Плави оркестар, Раста и Аца Лукас настапуваат на MAC, потврди Скајмјузик, кој го организира и продуцира првото регионално доделување на музичките признанија Music Awards Ceremony (MAC). Своите настапи на спектаклот на 29 јануари во Штарк арената претходно ги потврдија и Петар Грашо, Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог, Стјепан Хаусер, Марија Шерифовиќ, Тони Цетински, Бајага, Сергеј Ќетковиќ, Каролина Гочева и Јелена Карлеуша.

Ниеден настан во регионот никогаш досега не собрал олку ѕвезди на едно место што MAC го прави единствена манифестација на која, освен специјално осмислените живи настапи, ќе бидат доделени и повеќе од 25 признанија. Тричасовната церемонија ќе биде организирана по највисоки светски продукциски стандарди со присуство на повеќе од 200 ВИП личности, кои ќе прошетаат по црвениот килим.

Селебрити гостите од регионот во Белград ќе бидат сместени во хотелот Crowne Plaza, во кој ќе биде организиран и коктел по повод одржувањето на првите MAC.

Билетите се достапни на www.tickets.rs