Радио Милева
честитка со совет

Мартија Станојковиќ славеше роденден, а најдрагата честитка со родителски совет ја доби од мајка и Снежана: „Продолжи да работиш на себе, продолжи да се градиш за да ги достигнеш сите замислени цели!“ (ФОТО) 

Мартија Станојковиќ славеше роденден, а најдрагата честитка со родителски совет ја доби од мајка и Снежана: „Продолжи да работиш на себе, продолжи да се градиш за да ги достигнеш сите замислени цели!“ (ФОТО) 

Колку до вчера девојченце кое го гледавме како успешно се натпреварува во „Пинковите ѕвездички“, денес веќе зрела девојка, која го прослави своето полнолетство, а неодамна ја објави и фотографијата од матурското табло.

Мартија Станојковиќ, младата кумановка прерасна не сампо во еден од најдобрите, најперспективни и најнадежни македонски женски вокали во поп музиката, туку и во вистинска убавица покоја младите момчиња воздивнуваат останувајќи со подзината вилица.

Згодна, атрактивна, шармантна, привлечна, сексапилна малечката кумановка сега веќе самата може да одлучува за себе за многу нешта иако една жена, за која Мартија постојано тврдела дека е најважната во нејзиниот живот, секогаш  е тука покрај неа, за да ја посоветува, поддржи, даде потик, охрабри, утеши… Кој другако не нејзината мајка Снежана за која во една прилика пејачката ќе изјави:

„Секогаш ми беше поддршка во се што ќе направам, дали е добро, дали е лошо. Таа секогаш ми е најголема емотивна поткрепа. Но, од друга страна мајка ми не ми дозволува да летам во облаци, секогаш ме спушта на земја, кога смета дека тоа е потребно“.

И овој пат не беше поинаку, кога младата убавица го славеше својот 19-ти роденден во еден познат скопски локал.

Честитки доаѓаа од сите страни, од најблиските, другарките, колегите…

Но, првата честитка и лична и јавна пристигна од  мама.

Покрај честитката како што отсекогаш умее г-ѓа Снежана на својата наследничка и упати и јавна поддршка со порака и совет, горда на својата ќерка што тргнала по вистинскиот пат.

„Помина цела една година од твоето полнолетство, се радувам што го сфати животот сериозно, ја сфати одговорноста! Продолжи да работиш на себе, продолжи да се градиш за да ги достигнеш сите замислени цели! Те сакам со цело мое срце, душа и гордо стојам позади тебе како твоја најголема поддршка. Да си ми жива среќо моја“ – споделила на своите Инстаграм приказни мајката на Мартија честитајќи и го деветнаесеттиот роденден на својата ќерка.

Фото: Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic/stanojkovicsnezana70

 

Останати вести од Радио Милева