Радио Милева
лет за Белград

Марија Шерифовиќ објави фотографии од станот, сѐ е подготвено за доаѓањето на синот (фото)

Марија Шерифовиќ објави фотографии од станот, сѐ е подготвено за доаѓањето на синот (фото)

Пејачката Марија Шерифовиќ неодамна стана мајка, а сега со синот Марио слета во Белград.

Марија во Америка ја оствари една од најголемите желби во животот со помош на сурогат мајка, а со оглед на тоа што доаѓањето на бебето го криеше од јавноста, сите беа изненадени од веста.

Шерифовиќ одлучила празниците да ги помине со синот во Србија, а на бебето му обезбедила лет за Белград во прва класа.

Луксузниот стан на Марија во „Белград на вода“ веќе бил уреден и подготвен за новото пристигнување, а дел од празничното украсување споделила со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

– Па, баби, дедовци, тетки, чичковци, пријатели, браќа, кумови… Подароци прифаќаме од утре во 10:00 часот – пишува во описот на нејзината приказна.

Фото: Printskrin/Instgaram/serifovic

Останати вести од Радио Милева