Радио Милева
подготвена на сè

Марија Груевска: „За мене не постојат граници, ако треба за кариерата ќе се соблечам гола“

Марија Груевска: „За мене не постојат граници, ако треба за кариерата ќе се соблечам гола“

Марија Груевска од Битола со своите оригинални и различни модни комбинации остави посебен впечаток во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Марија на сцената на „Гранд“ имавме прилика да ја видиме како танчерка, калуѓерка, да пее со змија околу вратот, со свеќи на рацете….

Пејачката вели дека нема проблем да се соблече гола доколку некои сцени го побараат тоа од неа.

-Можам да кажам дека ме прослави перформаност со змијата. Кога ќе се појавам на некој настап, сите очекуваат да се појавам со змија, вели Марија за ало.рс и додава:

-За мене не постојат граници кога се работи за перформанси, до каде дозволуваат границите до таму одам, вели таа и објаснува што за неа значи разголување.

-Да се разголиш исто така е  уметност. Зад мене стои сериозен тим кој се грижи за моите јавни настапи и ако некоја сцена побара од мене да се соблечем, ќе го направам тоа, вели пејачката.

-Својата кариера ја градам чекор по чекор, не би сакала преку ноќ да стекнам огромна популарност бидејќи многумина кои го доживеа тоа преку ноќ и ичезнаа од сцената. Можеби мојата цел е потешка, но јас верувам во себе и знам дека далеку ќе стигнам, вели Марија за ало.рс

Груевска неодамна ја издаде песната „Горим сва“ .

Инаку, кога станува збор за нејзиниот приватен живот Марија неодамна се сврши со нејзиниот партнер  Синиша Стојаноски, а како што истакна не планираат наскоро да прават свадба туку моментално е посветена на кариерата и нови песни.

фото: принтскрин/инстаграм/marija_gruevskaa

Останати вести од Радио Милева