Радио Милева
„потенцијален претставник“

Марија Груевска се пријавила да ја претставува Македонија на „Евровизија 2022 година“: „Ако успеам да влезам ќе биде најспектакуларниот настап досега“

Марија Груевска се пријавила да ја претставува Македонија на „Евровизија 2022 година“: „Ако успеам да влезам ќе биде најспектакуларниот настап досега“

Битолчанката Марија Груевска публиката ја препознава по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, уште од првото појавување на „Гранд“, Марија ги освои симпатиите кај публиката и жирито. Со своите оригиналнои настапи, Марија стана уникатна во музичкото шоу, а Карлеуша ја нарече и македонски Лејди Гага.

По завршувањето на шоуто, Марија се посвети на својата музичка кариера, но и тргна и во љубовниот живот.

Имено, таа неодамна го објави видео записот за својата песна „Горим сва“. Исто така, неодамна му кажа „да“ на својот партнер.

По освојувањето во „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска тргнува по освојувањето на Европа?

Имено, до вчера траеше конкурсот за пријавување на песни на Евровизија, а МРТ ќе треба да одлучи кој ќе биде наш овагодишен претставник.

Марија во кусите приказни на „Инстаграм“ откри дека таа и нејзиниот тим испратиле песна и се надева дека ќе успее да влезе и да не преставува на европското случување.

-Во моментот сме под огромна еуфорија бидејќи штотуку ја завршивме и ја испративме песната за конкурс за Евровизија, се надевам дека ќе имате прилика да ја слушнете бидејќи имаме огромен хит, вели Марија.

По објаватаа доби многу поддршка како од нејзините следбеници.

-Одиш ли на Евровизија?, гласаше прашањето, а Марија одговори: „Не се знае, само конкурирав“.

-Се надевам дека ќе те гледаме на Евровизија. Целосна поддршка. Песната е хит, гласаше друг коментар.

-Сигурно ќе те примаат, ти ќе победиш, се само некои од пораките кои ги доби Груевска.

Пејачката истакна доколку победи и успеа да влезе, тоа ќе биде најспектакуларниот настап досега.

Дали Марија ќе ја добие можноста да ја претставува Македонија на Евровизија во Италија, останува да видиме.

фото: принтскрин/инстаграм/марија груевска

Останати вести од Радио Милева