Радио Милева
запрете ја војната...

Македонските естрадни личности и рекоа НЕ на војната во Украина: Социјалните мрежи вријат од нивните антивоени пораки и пароли (ФОТО)

Македонските естрадни личности и рекоа НЕ на војната во Украина: Социјалните мрежи вријат од нивните антивоени пораки и пароли (ФОТО)

Војна во Украина некого го изненади светот. Колку и да беше очекуван воен конфликт, сепак никој освен веројатно, оние најдобро упатените, не очекуваа воени дејствија од вакви енормно големи размери.

А кога војната ќе почне да беснее, тогаш вистината, совеста и разумот први умираат… За жал, заедно со нив и стотици, илјадници, милиони… човечки животи, што светската историја досега го докажала на безброј примери, од кои за жал човештвото никако да извлече поука.

Колку и да е неизбежна и чин на последен акт откако сите политички средства ќе бидат исцрпени, војната е сепак монструозен чин, во кој се губат човечките животи, а меѓу жртвите страдаат и невини цивили… И тоа можеби најмногу. Меѓу нив, старци, жени и деца…  Стравотиите на војната за жал, му се случуваат пред очи и на т.н. цивилизиран свет и тоа во 21-от век. Страдања, уништување, разорување, уривање, убивање, декаденција и смрт… најгрозното, нагнасното и најтешкото нешто што може да го доживее човештвото.

И колку и да сака некој да најде оправдување за неизбежноста на „говорот на оружјето“, кога тоа говои страдањата се неизбежни. Најчесто, големи, неповратни, катастрофални и погубни… За сите!

Токму затоа посегнувањето по оружјето и војната како чин на решеавање на проблемите наидува на остра осуда од сите оние на кои  хуманоста на човештвото им е најважна. Светот за да опстане, мора да живее во љубов, мир, разбирање, слога, хармонија, соживот… Се друго, порано или подоцна,  води кон неизбежна катаклизма.

Затоа и македонските јавни личности или барем поголемиот дел од македонската естрада остро ја осудија и и’ рекоа НЕ на војната во Украина. Социјалните мрежи вријат од нивните антивоени пораки и пароли, повици да се запре „говорот на оружјето“, војната итно да запре и одново да проговори дипломатијата.

1. Поп пејачката Кристина Арнаудова со фотографија на мало детенце кое со солзи во очите  во раката држи испишана парола: „Јас не сакам војна“ напишала: „Трагедија…“

 

2. Нејзината колешка, пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски сподели мировна порака: „Мир не војна, за тебе, за мене, за целиот човечки род“!

3. Македонската ар ен би/поп пејачка Ања Ветерова која студира на престижниот музички колеџ Бркли во САД, сподели фотографија во боите на украинското знаме и раце како се допираат како во чин на молтва, а врз неа испишана е нејзината порака: „

4. Македонската „Гранд ѕведа“ со белградска адреса на живеење, пејачката Елена Миленковска со провокативна фотографија опиша како ја подразбира и дали ја поддржува војната во Украина. Русинка и Украинец во кревет, детенцето покрај нив, а тие со пасошите в рака и „гордо кренат“ среден прст со познатата хипи парол: „Водете љубов, наместо војна“! Асоцијација на мешаните бракови и бесмисленоста на воениот конфликт!

5. Уште една Македонка со беградска адреса на живеење и тоа малку поодамна од претходната, пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ со слична порака, само различна фотографија: машко и женско како се држат за рака и покрај нив познатата парола: „Љубов и мир, а не војна“!

6. Пејачот Александар Тарабунов ја осудил војната и повикал на мир со видеоинсерт од познатата мировна тема на легендарниот Мајкл Џексон, песната „Heal The World“ („Излечи го светот“).

7. ТВ водителот Миро Кацаров со страотно видео од стардањата на цивили при бомбардирање: „Нелуѓе… Запрете ј војната“, стои во антивоената порака!

8. Поп пејачката Тамара Тодевска исто така со трогателно видео на која војник пред заминување на фринт се испраќа со својата сакана, разделувајќи се можеби засекогаш… Емотикони од скршено срце, украинско знаме, и тага покрај него, со порака: „Не за војната“ – споделила Тамара.

9. ТВ водителката на магазинот „Животсостил“, Елена Стефановска,со познатиот хипи симбол – подугнати два прста и пораката: „На сите ни е потребен мир“, се придружила кон реакциите за воените случувања во Украина.

10. Фолерката Адријана Ацевска со само еден збор, кратко и јасно покажа и порача што посакува, како и повеќето луѓе на целата планета: Мир!

11. Познатата актерка и ТВ водителка, Весна Бејби Петрушевска го споделила украинскато знаме  и емотикони со молитва за Украина и украинскиот народ за спас од стравотиите на војната.

12. И македонската поп пејачка Викторија Лоба само со еден збор го искажала својот став кон војната во Украина. „Не војна“ – напишала Лоба во два збора на црна подлога, што и дава уште поголема тежина и значење на желбата за мир, ако се знае дека Викторија Лоба во себе носи руско потекло.

Ова е само еден мал дел од низата… Уште многу познати македонски пејачи, актери, ТВ водители, манекенки, спортисти, стилисти, инфлуенсери… со пораки, пароли, песни, фотографии, видеа… го изразија своите ставови и мислења, сплотени во една мисла: „Кажете и НЕ и запрете ја војната!“

Фото: Социјални мрежи/Инстаграм принтскрин

 

 

 

Останати вести од Радио Милева