Радио Милева
Убавината на украсот...

Македонската ријалити ѕвезда, модел и инфлуенсерка во триесеттата изгледа како тинејџерка: Елеонора ги „излижа годините“ со иста сласт како и вистинскиот човек до себе (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската ријалити ѕвезда, модел и инфлуенсерка во триесеттата изгледа како тинејџерка: Елеонора ги „излижа годините“ со иста сласт како и вистинскиот човек до себе (ФОТО+ВИДЕО)

За едни ријалити ѕвезда, за други само старлета, за трети ТВ водителка, за повеќето модел и инфлуенсерка… За сите расна убавица, една од најзгодните и телесно најнадарени македонски јавни личности, која последниве години и ососбено откако лани се омажи, како да се повлече од јавноста во која се помалку ја има.

Да не се социјалните мрежи Елеонора Миљковиќ, сега Кочовска можеби ќе беше и подзаборавена, вака нејзината активност на Инстаграм како модел и инфлуенсер ја одржува во јавниот живот.

Годините минуваат, а со тоа и родендените, па иако оддамна сме рекле дека на „дамите не им се бројат годините“, кај убавата Нора и може и не мора… Може зашто и самата не ги крие, па така неодамна  на „денот што го чекаме цела година“ и самата откри колку години наполни, а не мора зашто и покрај тоа што зачекори во четвртата деценија,  Елеонора изгледа како тинејџерка. Или…


„Во право се кога ќе ви кажат дека на 30 сте во најубавите години од животот, сепак јас мислам дека со вистинските луѓе околу себе ќе се чувствувате убаво во секоја животна доба, а годините ќе бидат само една бројка која ќе биде причина за луѓето да ги збунуваш и секој пат да ја слушнеш омилената моја реченица: ‘Нема шанси ти да си на ТИЕ години и да изгледаш вака” – што би рекла самата Елеонора .

Роденден без торта не бидува, а украсот на истата јасно асоцира како славеничката ја доживува возраста, ама кој како ја доживува нејзината реакција на украсот – е друга работа!

Како и дилемата, дали и зошто токму на „средниот прст“  од украсот паднал изборот да се покаже „владеењето на јазикот“? До душа ова не и е прв пат на славеничката  ваквата своја вештина  јавно да ја демонстрира…

И тоа, како што вели, на вистинските луѓе околу себе, поточно, на вистинскиот човек до себе!

Како и да е, годините и се таман, бракот реализиран, однеодамна куќата побогата за уште едно бушаво домашно милениче…

И ако до сега сето тоа Елеонора на свој начин го споделуваше на својот Инстаграм, она што на нејзините приказани последно осамна, можеби нешто ново наговестува?


Зашто, видеопрошетката по детскиот бутик на многумина им асоцираше само на едно… Штркот тргнал на пат кон нечие семејно гнездо или барем такви се желбите и плановите – да го побудат наскоро да долета?

Фото: Инстаграм/__elle.m__

Останати вести од Радио Милева