Радио Милева
нешто конкретно

Македонката за која се зборуваше дека му го растурила бракот на Пике јавно ја обелодени вистината пред камери кај Снеже Велков (видео)

Македонката за која се зборуваше дека му го растурила бракот на Пике јавно ја обелодени вистината пред камери кај Снеже Велков (видео)

Пред една година во медиумите се појавија информации дека македонската блогерка и модел Драгана Спасовска е жената поради која поп-ѕвездата Шакира и славниот шпански фудбалер Жерар Пике ставија крај на нивната 12-годишна врска од која имаат и два сина.

Неговата актуелна девојка Клара Чиа Марти настапи на сцената нешто подоцна, а дотогаш таблоидите се занимаваа со наводната врска на Пике со нашата Драгана.

Таа уште тогаш ја негираше ваквата приказна, односно дека таа е причината за разводот на фудбалерот и пејачката.

Но, не негираше дека биле непосредно еден до друг, имале средба, а тоа го потврдува и заедничката фотографија која се уште стои на нејзиниот Инстаграм профил. Овој пат, Драгана беше гостинка во „Нешто конкретно “кај Снеже Велков каде водителката не пропушти да ја „чепне“ Драгана за Пике, на што таа одговори:

-Заеднички пријатели имавме, така да бевме на иста маса. Не е вистина во моментов сум во Македонија, не сум со Пике, така да…

-Да не е некаде по хотелов, да го побараме?- се пошегува Снеже.

-Не знам…

-Не си ти одговорна, се дополни Снеже

-Не, не- децидна беше Драгана.

Каков џем јадеш?- стапица прашање на Снеже Велков бидејќи тегла џем беше еден од моментите преку кои Шакира пројавила сомнежи за неверството на Пике.

-Не јадам џем, вешто и снаодливо одговори Драгана, па двете слатко се изнасмеаја.

Драгана која е родена во Скопје, од татко Македонец и мајка Бугарка, сака да патува и да води авантуристички живот, а од нејзиниот Инстаграм профил е метото од каде на сите сака да им покаже кажо живее под полна пареа, а со Пике сигурно не.

фото:Instagram printskrin/Dragana spasovska/nesto konkretno

Останати вести од Радио Милева