Радио Милева
се враќа во ординација

Маја Mаринковиќ повторно на „корекција“: Старлетата по задникот реши да го смени и ова (фото)

Маја Mаринковиќ повторно на „корекција“: Старлетата по задникот реши да го смени и ова (фото)

Старлетата Маја Маринковиќ објави фотографија од ординација и ги извести своите фанови дека уште еднаш заминала на третман за убавина.

Имено, иако има направено бројни естетски зафати, одвреме-навреме мора да оди на „одржување“. Затоа решила да оди на нов ремонт, а на социјалната мрежа Инстаграм покажа како изгледала непосредно пред интервенцијата.

На лицето имала крема за анестезија која би требало да ја минимизира болката од иглата, но старлетата не изгледала исплашено. Таа со насмевка и нетрпеливост дочека да се изврши зафатот, а во описот на објавата напиша:

– Денеска дојдов да се разубавам кај мојата најубава докторка – напишала Маја.

Да потсетиме, Маја кон крајот на летото замина на зголемување на задникот, а како што откри извор близок до старлетата, таа не е задоволна од резултатот.

– Маја е очајна. Воопшто не го сака дното. Таа нема да зборува за тоа во јавноста, но формата е проблем. На сликите таа го фотошопира, но во реалниот живот тоа ја нервира како изгледа. Сакаше убав шилест задник, но испадна поинаку. Не знам како се случи. Отпрвин не се жалеше, но како што одминуваше времето беше сè понезадоволна од своите облини. Го повикала хирургот и сега повторно оди под нож. Знаете како е Маја, се мора да биде под контрола – изјави извор за „Курир“.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес

Останати вести од Радио Милева