Радио Милева
ајде на планина

Магични моменти од зимскиот одмор: Познатите Македонци се препуштија во снежна авантура (фото)

Магични моменти од зимскиот одмор: Познатите Македонци се препуштија во снежна авантура (фото)

На  зимската идила навистина е тешко да и одолееме, а сега кога е време токму за зтакви авантури не треба да се пропушти тоа задоволство.

Македонските познати личности на нивните профили редовно објавуваат магични моменти од скијачките патеки или едноставно од прошетка по планинските предели со цел да ги поттикнат сите оние кои сѐ уште не се одлучиле да ја почувствуваат природата одблизу.

Така, пејачката Викторија Лоба веќе по втор пат замина на Копаоник, но сега се пофали и во чие друштво.

Таа откако го сподели погледот во кој што ужива, на скијачката стаза позираше со сопругот кој исто така е вљубеник во скијањето.

Сепак, освен со него на оваа авантура ги земала и нејзините миленичиња,  кученцата кои ги чува и потврди дека без нив никаде не оди.

На планината Кожув со дебела зимска јакна и розов  шал, но и очила за заштита од белината, замина и актерката Емра Куртишова Стојанова која на публиката и стана позната по нејзината  улога на Исаура во серијата „Преспав“.

Друштво и правеше нејзиниот сопруг и колега Петар Стојанов со кого го проширија семејството и ја добија ќеркичката Лена.

Пејачот Павле Камилоски пак, ја посети снежната прекривка во Галичник каде што е редовно присутен.

Тој со раширени раце позираше свртен кон планината, а веројатно го фотографирала неговата сопруга планинарката Ирина Дишовска со која минатата година се заколнаа на вечна љубов и добија син.

Периодот е совршен за посета на некое убаво снежно планинско место, па оние кои досега не заминале, би било убаво да го направат тоа. Доколку се во можност, секако!

Фото: printskrin/instagram

 

Останати вести од Радио Милева