Мегафон

Mаестралната џез – фанк саксофонистка Candy Dulfer со својот бенд на концерт во Македонската филхармонија

Mаестралната џез – фанк саксофонистка Candy Dulfer со својот бенд на концерт во Македонската филхармонија

Вистински фуриозен спектакл со маестралната џез – фанк саксофонистка Candy Dulfer ќе се одржи на 8-ми април во Македонската Филхармонија! А… доказ дека концертот ќе биде навистина фуриозен е фактот што Candy Dulfer ќе биде придружувана од вкупно 9 врвни музичари на сцената на Македонската Филхармонија!
Заедно со својот бенд, “Греми” – номинираната саксофонистка на Скопје ќе му приреди, од една страна – ексклузивен и интимен концерт (благодарение на квалитетот и големината на Македонската Филхармонија), а од друга страна, енергично и возбудливо џез, поп – фанк, RnB шоу со пеколно добар грув!

Candy Dulfer е соло артистка, инструменталистка и текстопистка која има работено со некои од најголемите имиња во музиката, како Van Morisson, Lionel Richie, Beyoncé, Pink Floyd, Aretha Franklin, Dave Stewart (Eurythmics)… а, Prince ја сметал за негов прв избор кога била во прашање изведбата на саксофон; “When I want sax, I call Candy” вели тој во видеото за Partyman. Нејзиниот последен, 13-ти студиски албум, издаден во 2022 и насловен “We Never Stop” претставува храбра мешавина на еуфорични џез сола и поп – фанк или, цитирајќи ја самата Dulfer, “а funky as hell anthem of resilience”. Влезниците за овој навистина ексклузивен настан веќе се во продажба од среда (8-ми март).