Мегафон

Лозано со голем концерт на Илинден во Охрид

Лозано со голем концерт на Илинден во Охрид

Големиот празник Илинден секогаш е исполнет со музика, особено во нашиот туристички бисер Охрид, каде што годинава на 2 август на стадионот „Билјанини извори“ ќе ечат песните на македонската ѕвезда Влатко Лозаноски. Кичевскиот славеј, кој пролетва го одржа својот прв голем концерт во Скопје, по повод 10 години кариера, на Илинден ќе пречека уште поголем број љубители на неговите хитови.

„Со нетрпение чекам да Ве видам и да пееме заедно во еден глас. Се гледаме на втори“, напиша Лозано споделувајќи ја веста за концертот .

Влатко е првата македонска ѕвезда, покрај сите балкански и светски, која ќе одржи концерт на овој стадион. Организаторите најавуваат специјални гости, изненадувања и организиран превоз од сите градови. Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре на сите продажни места на „Купи карти за сѐ“, во „Југотон“, во цвеќарницата „Розе“ и на охридскиот плоштад. Лозано на Илинден во Охрид и… Ова лето ќе се памти!