Радио Милева
поинаку блиски

Љубов која трае со години: Ноне Неделковска конечно откри со кого е во долга врска (фото)

Љубов која трае со години: Ноне Неделковска конечно откри со кого е во долга врска  (фото)

Кога на понежниот пол ќе им се случи нешто ново во животот веднаш внесуваат свежина во изгледот. А тоа лесно се забележува во стилот на облекувањето, новиот имиџ или новата фризура.

На Ноне Неделковска постојано и се случуваат нови авантури на разноразните прекуокеански тури, а таа нема време за промени туку промените сами си доаѓаат кај неа, па може едноставно само да ужива во нив, како што и самата тоа најдобро го знае и умее.

Кога е во прашање нејзината музичка кариера одамна нема ништо ново, но затоа пак и се случуваат промени во животот, а можеби и приватно.
Деновиве на нејзиниот Инстаграм профил, ги почести своите фанови со фотографија на која очигледно Ноне заборавила на градникот па позирала во речиси проѕирна виолетова кошула вешто искомбинирана со фармерки.

А кога сите го прочитаа почетокот на нејзиниот пост останаа со подотворени усни, бидејќи конечно поранешната пејачка и финалистка на Идол, откри  дека моментално е во врска.

Но, не со маж –  туку со нејзината црвена коса, па под фотографијата напиша:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nona 🌸 (@nona.nedelkovska)

„Моментално: Во врска со мојата прекрасна црвена коса“.

Ноне се пофали  дека ја обожава нејзината „погодена“ боја на коса која и е омилена, но со  доза на иронија не ја откри вистината за нејзиниот емотивен живот.

Можеби позади освежената фризура се крие некоја љубовна авантура со која велешанката наговестува преку тоа старо непишано правило, кога нешто ново ќе им се случи на понежниот пол внимаваат повеќе на изгледот и стилот, а во случајот на фризурата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ноне Неделковска

Останати вести од Радио Милева